СДСМ: Граѓаните се за светла иднина, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот

Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат јасен став за референдумот и не кажуваат за што се
Христијан Мицкоски да не се крие зад лажните вести што ги пласира неговата ВМРО-ДПМНЕ, туку да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е.
Или е за светла иднина, напредок, членство во НАТО и ЕУ со признаен македонски идентитет или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад кон темно минато.
Цели 11 години ВМРО-ДПМНЕ постојано зборуваше за референдум а сега нема јасен став.
Несериозно и неодговорно кон граѓаните и државата е да се нема јасен став за референдумот, за најважните прашање за иднината на државата.
Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ и НАТО.
Граѓаните се определени за светла иднина наместо за небиднина.
На референдумот на 30 септември граѓаните ќе изберат ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет од целиот свет.
Да за македонската иднина.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
