СДСМ: Граѓаните нема да почувствуваат никаков ефект од задоцнетите мерки на Владата
Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна, повика денеска пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска и нагласи дека последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична.
-Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, затоа што податоците на заводот за статистика укажуваат дека веќе во јануари има пораст на цените. Тоа значи дека се замрзнати производи со поскапи цени. Власта требаше да се врати наназад неколку месеци и како репер да ги земе тие цени, а не овие покачени цени, истакна Лукаревска и порача наместо да се ограничува маржата само на 102 групи на производи, треба да се опфатат сите 238 групи на производи.
Потсети дека СДСМ предложи законски решенија за стабилизација на цените и намалување на сметките за струја кои веќе се поднесени во Собрание по итна постапка.
-Намалување на ДДВ за струјата на 5 проценти ќе донесе намалување на сметките за 13 проценти веднаш, а граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно на сметка од 3.000 денари. Над 600.000 домаќинства веднаш ќе добијат намалени сметки. Дополнително со укинување на ДДВ за храна над 250 категории прехранбени производи ќе поевтинат веднаш што ќе значи директна заштеда за граѓаните од околу 2.000 денари месечно, појасни Лукаревска.
Според неа со севкупна примена на сетот мерки на СДСМ и Законот за нефер трговски практики ќе се дојде до намалување на цените за 30 проценти и од тие причини ги повика пратениците од сите парламентарни партии да ги поддржат овие законски измени.
Владата вчера донесе одлука за ограничување на маржи за 100 групи на производи, а ќе има „замрзнување“ на цени за осум производи меѓу кои маслото, лебот, јајцата, брашното, киселото млеко.... Овие мерки, како што информираа од Владата ќе бидат во сила до крајот на април.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“