Македонија
21. October 2018 - 17:59

СДСМ: Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Мицкоски

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски, кон успехот да се приклучат сите кои се за ЕУ и НАТО без разлика на партиската припадност

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот пион, Христијан Мицкоски се спречени во намерите да ја закочат македонската иднина.

Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени, не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и остануваат единствени кои дејствуваат спротивно на наципналните и државни интереси.

Граѓаните и пратениците го победија антизападниот пион Христијан Мицкоски. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа јасно изразената волја на над 80 отсто од сите граѓани и над 90 отсто од граѓаните кои излегоа на референдумот на 30 септември.

Македонија се обденини околу врвните национални и државни интересе. Сега, кон таквиот историски успех треба да се приклучат сите кои се за НАТО и ЕУ без разлика на на нивната партиска припадност.

Македонија ќе биде членка на ЕУ и НАТО без разлика колку тоа да не му се допаѓа на Мицкоски и антизападните марионети во врвот на ВМРО-ДПМНЕ.