СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ удрија врз грбот на граѓаните
Една и пол година градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не реализираа ниту еден капитален проект, не изнајдоа никакво решение за унапредување на квалитетот на живот.
Граѓаните на десетици општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ добија поскапи комунални услуги, а сега Град Скопје, Охрид, Ресен и Кочани се единиците на локалната самоуправа кои бараат драстично зголемување на цената на водата.
Распинички и нетранспарентно, големи и финансиски стабилни општини како Аеродром, Прилеп, Гази Баба и Бутел планираат да ги задолжат своите граѓани со општински обврзници за кои никој не знае како ќе се потрошат парите од таквите задолжувања.
Во меѓувреме, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и оваа година ќе потрошат милиони евра за времени вработувања на партиски кадри во општините.
Општина Гази Баба ќе потроши над 220.000 евра за времени вработувања, општина Аеродорм ќе потроши скоро 90.000 евра, милиони денари за вработувања ќе потрошат и општините Кочани, Илинден, Велес…
Ете тоа е учинокот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во првата третина од нивниот мандат.
Ништо не се менува во Белиот дворец, партијата предводена од Христијан Мицкоски се грижи само за личните и бизнис интереси на поединци, додека ги игнорира потребите на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран