СДСМ го повика Иванов да го даде мандатот за составување влада
СДСМ денеска преку соопштение повторно го повика претседателот Ѓорге Иванов да не го крши Уставот и да го даде мандатот за составување нова влада.
- Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги од пропагандата и за насилство. Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада на Р. Македонија, се вели во соопштението.
СДСМ посочува дека мнозинството граѓани гласале за квалитетен живот, нови работни места, подобро образование, здравство и култура и оти тоа ќе бидат приоритетите на новата влада.
- Македонија, како што се обврзавме и во Планот за живот, ќе биде едно општество, на еднакви граѓани, во кое што ниту една заедница нема да биде ниту маргинализирана, ниту привилегирана. Единствен можен следен чекор е одблокирање на демократските процеси и мирен трансфен на власта, наведува СДСМ.
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори