СДСМ: Ги реализираме стратешките цели на државата
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство кои ги предводи, ги реализира стратешките цели на државата.
Република Северна Македонија денес е 30 земја членка на НАТО, најмоќниот глобален безбедносен сојуз.
По 17 години минати во чекалната, конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во ЕУ.
Од земја кандидат, денес сме земја преговарач, ги започнавме преговорите со чиста формулација на македонскиот јазик, со заштитен македонски идентитет.
Од друга страна, наспроти државничкото и одговорно однесување на СДСМ и коалицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски прават се за да ја загрозат европската иднина на државата.
Мицкоски и неговиот партнер Димитар Апасиев преку блокади на Собранието, преку закани и клевети до крвави и насилни сценарија со обидоа да создадат поделби и конфликти во општеството со цел да ја дестаблизират државата.
Таквите обиди им пропаднаа, СДСМ, институциите и граѓаните не дозволија тие да ја загрозат европската иднина.
Се додека стојат на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразувани.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости