Македонија
20. March 2021 - 9:07

СДСМ: Финансиски скандали ја тресат ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски никако да се одлепи од скандали. 

Угледните германски медиуми "Шпигел" и "Фокус", објавија дека пратеникот од Христијанско-социјална унија, ЦСУ, Тобијас Цех, поднел оставка откако било откриено дека во 2016 година одработувал за ВМРО-ДПМНЕ, „предводена од корумпираниот политичар Никола Груевски“.
 
Станува збор за исплати од петтоцифрени суми, околу 50.000 евра кои според германските медиуми, Цех ги наплатил за консултантски услуги од ВМРО-ДПМНЕ.
 
По оставката на пратеникот Цех од Германија, Мицкоски е должен да излезе пред јавноста и да одговори од каде се овие огромни суми пари, на кој начин биле исплатени и дали тоа е вистинската причина зошто финансиските извештаи на ВМРО-ДПМНЕ не се достапни на нивната веб страница?
 
Мицкоски пред граѓаните треба да каже која била неговата улога тогаш како генерален секретар, а потоа и како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во крајно сомнителното финансиско работење на неговата партија. 
 
Мицкоски залудно се обидува да го отргне вниманието од скандалите кои ја тресат белата палата.
 
Неговите хипотеки кон режимските тајкуни и кон сите кои го поставија на лидерската позиција во ВМРО ДПМНЕ се големи, а тоа граѓаните го гледаат и токму затоа шест пати го казнуваат.