СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултати
Како што Македонија се приближува кон Европската унија и НАТО, расте извозот, се зголемуваат странските инвестиции
Економските политики на Владата, планот за економски раст, заедно со политиките за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО даваат резултати. Објавените податоци потврдуваат дека економијата се движи во нагорна линија, расте извозот, индустриското производство, се зголемуваат странските инвестиции, растат платите. Извозот на стоки од Република Македонија во првите шест месеци од 2018 годината бележи раст од 26,5 проценти.
Покрај зголемениот извоз од 26.5 проценти, во јуни оваа година забележан е рекореден индустиски раст од 12.1 проценти, а продолжува и растот на платите.
Според официјалните податоци објавени од Државниот завод за статистика, просечната нето плата во мај оваа година изнесува 24.509 денари, што е за 7,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец од 2017 година.
Се очекува позитивните трендови дополнително да се засилат, значително да се интензивираат со полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ.
Граѓаните знаат, членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ носи сигурност и повеќе пари.
На референдумот, граѓаните ќе кажат историско ДА за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција кој го гарантира и македонскиот идентитет.
Ново на Сител
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз