Македонија
12. May 2020 - 9:07

СДСМ: Економските мерки им помагаат на фирмите, досега исплатени над 40% од кредитната линија Ковид-19

Владата предводена од СДСМ има јасни цели, да помогне на што повеќе граѓани, да зачува што повеќе работни места,  да ги поддржи компаниите, но и да постави темели за заживување на економија кога ќе заврши кризата со коронавирусот.

Заклучно со 7-ми мај, од одобрените 631 кредитни апликации за Ковид1 бескаматната линија од  4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41% од одобрените апликанти.

Од првата група одобрени кредитни апликации, која Владата ја одобри на 8-ми април за 136 компании со 1737 вработени, се исплатени 93% од апликантите.  Од втората група одобрени апликации, која Владата ја одобри на седница на 14 април за 118 компании со 1116 вработени, се исплатени 89% од компаниите.  Третата група кредитни апликации која Владата ја одобри на 28-ми април за 377 компании со 2735 вработени, се исплатени 7% од компаниите.

Исплатата на компаниите се прави редовно, секој работен ден, како што се завршуваат административните процедури започнувајќи од 15ти април кога се исплатија првите средства од оваа кредитна линија.

За бескаматната кредитна линија КОВИД 2 од 8 милиони евра, која беше отворена и за која пријавите се уште се во тек, веќе аплицирале над  2400 компании.

За финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, се одобрени вкупно 23.861 барањa,  за 21 542 компании.

Економскиот совет на СДСМ работи на нов пакет мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.

СДСМ покажа дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата во споредба со земјите од регионот.