СДСМ: Единствено време кога нашата држава била заложник се 11-те години на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски
Единствено време кога нашата татковина беше заложник се 11-те години на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Никола Груевски.
Во тоа време извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски беше најлошиот, нејнеуспешниот директор на ЕЛЕМ кога струјата ја покачи над 100%.
Додека граѓаните врзуваа крај со крај, Груевски и послушниците се расфрлаа со парите на граѓаните.
11 години заложништво, значеше исто толку години замрзнати плати, пензии, стечајци на улица, селективни и ненавремени субвенции, младина без можности за напредок и без шанси за иднина поради изолацијата.
Доаѓањето на СДСМ на власт е време на ослободување на државата од заложништво и градење на демократијата. Денес секој има право на свое мислење и став, не се шепоти повеќе туку гласно се зборува.
Наспроти деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ , СДСМ успеа за најкраток рок од 2.5 години, да реши клучни и стратешки прашања за државата и донесе мерки и реформи во интерес на граѓаните и државата. Денес имаме минимална плата од 14.500 денари и просечна со највисок раст досега, решен статус на 12.000 стечајци, повисоки пензии, 60 илјади нови работни места, најниска невработеност од 17.1% неселективни и навремени субвенции и можности за младите да останат и напредуваат во својата татковина.
Затоа на 12 април граѓаните ќе ги казнат деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!
Ново на Сител
-
Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
-
Со инвестиција од над една милијарда евра во енергетиката во земјава влегува турската групација „Казанчи Холдинг“
-
Во Белград протест на просветните работници, а студентите од различни градови пешки тргнаа кон Ниш
-
Со помош на изработен лажен клуч, две лица провалиле во стан во Скопје и одзеле 250 евра и накит
-
Кремљ го прифати извинувањето на Вучиќ за гласањето за резолуцијата во ОН
-
Две заторенички физички се пресметале во КП Идризово, едната се здобила со тешки телесни повреди
-
Пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ за четворица струмичани од Комуналец
-
Таравари најавува законски измени за департизација на здравството