СДСМ: Два нови капитални објекти за граѓаните, систем за наводнување во Ранковце и градинка во Крива Паланка

Со овој организиран и модерен систем за наводнување, земјоделците во текот на целата година ќе имаат достапна вода за наводнување на земјоделските посеви и можност за значително зголемување на земјоделското производство, што е од особено значење во овој период на криза.
Со системот за наводнување „Славишко поле”, кој е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија, во вредност од близу 1,8 милиони евра, како дел од проектот на ИПА, нема да има загуби на вода што е од исклучително значење заради заштита на животната средина и на обновливите извори на енергија.
Приоритет на СДСМ е грижата за децата, како влог за иднината на нашата држава. За пет години се изградени, реконструирани и доградени 69 детски градинки низ целата држава, со што опфатот на деца се зголеми за 4.300.
Со проширување на градинката Детелинка во центарот на Крива Паланка се обезбедува предучилишно образование и воспитание на уште 102 деца, со што вкупниот капацитет се зголемува на 200 деца.
Проширувањето на градинката е реализирано со средства од Министерството за труд и социјална политика, преку проект на Светска Банка и дополнителни средства од општината, а објектот е целосно енергетски ефикасен.
Освен во објекти, во изминатиот период се вложува во јакнење на капацитетот на стручниот кадар во детските градинки, решен е недостигот на вработени во предучилишните установи, преку обезбедување на решенија на неопределено време за над 2.000 воспитувачи.
Платите на вработените во градинките од 2017 година се зголемени за вкупно 36 отсто, а со ребалансот на Буџетот се обезбедени средства за повисоки плати во образованието.
СДСМ и во услови на светска економска криза продолжува со вистинска грижа за граѓаните и стопанството.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-

Легендарната Лада Нива не се предава: Новиот модел пристигна во продажба за околу 12.000 евра
-

Снуп Дог нуди работа од соништата: 10.000 долари месечно за да јадете сладолед – потребен е само пасош
-

Андоновски: Во октомври промоција на м.Услуги, личната карта и возачката дозвола на мобилен телефон
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Двајца државјани на Тајван пронајдени мртви во стан во центарот на Скопје
-

Трамп: Борејќи се со Иран, ги заштитуваме Израел, Блискиот Исток и западните земји
-

Намален бројот на работниците во индустријата
-

Русија ги затвора канцелариите на германскиот Гете-институт
