СДСМ: ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски за 2 години имаат 0 резултати во Кисела Вода
После 2 години локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини и во градот Скопје јасно е дека ДПМНЕ не ја оправда довербата и ги разочараа граѓаните.
ДПМНЕ не ги оствари ветените проекти во изборните програми.
По две години во Кисела Вода останаа нереализирани ветувањата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски за нова Поликлиника, нова Противпожарна станица и ново основно училиште.
Ѓорѓиевски не го исполни ниту ветувањето пред граѓаните за гасификација на училиштата. Нема нов спортски центар со базен, а салата Расадник се распаѓа комплетно. Нема ниту нов стационар за кучиња, нема нови монтажни паркинзи, нема ниту нови мерни станици.
Единствените проекти за кои се слика Орце Ѓорѓиевски се од централната власт на СДСМ.
Бројни се нереализираните ветувања на Орце Ѓорѓиевски пред граѓаните.
Но затоа Орце Ѓорѓиевски може да го видиме на слики со скап часовник. Прашањето е од каде му се толку пари и кога успеа да ги заработи?
ДПМНЕ не се грижи за граѓаните, туку само за себе.
Градоначалниците на ДПМНЕ ги разочараа граѓаните.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година
-
Мицкоски: Од следната летна или есенска сезона очекувам да има нови електрични автобуси
-
Регионална депонија во Новаци во стар рударски коп на РЕК Битола