-->
-->
СДСМ: Деструктивната ВМРО-ДПМНЕ e против растот на платите на 4.700 наставници и стручни работници
-->
Пратениците на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ преку надлежната собраниска Комисија повеќе од 3 месеци блокираат законски измени со кои наставниците и стручните работници добиваат можности за постојано покачување на платите и подобар статус.
Што и згрешиле на деструктивната ВМРО-ДПМНЕ 4.700 наставници и стручни работници?
Дали тие им се виновни што Мицкоски нема идеја, став, план, програма, што нема понуда за граѓаните?
Блокадите и деструкциите не се политика.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ја опструираат работата на собраниската Комисија треба да се вразумат. Наставниот и стручен кадар е клучна алка во воспитно образовниот процес.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филков чека одговор од СДСМ за реформските закони
-
Костадиновски: Уставниот суд е најнереформирана институција од независноста на Македонија
-
Ако маркетите драстично ги зголемат цените ќе следуваат поригорозни мерки
-
Спречен колапс на македонскиот електросистем за време на велигденските празници
-
Наставниците стравуваат дека ќе останат без работа со новиот закон за основно образование
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?