СДСМ: Дали додека крати средства за животна средина Арсовска обезбедила пари за фирмата на Камиказа?
Изминуваат два месеци од изборот на градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска а граѓаните на Скопје не гледаат дека во градот нешто се работи.
Напротив, гледаат само поништувања на значајни проекти, неспособност, погрешни одлуки. Гледаат дека нема бесплатен јавен превоз, нема инвестиции во животната средина.
Дури и Буџетот на градот за оваа 2022 година не е развоен и не е направен според потребите на граѓаните.
Во Буџетот не се предвидени пари за важни проекти како нови паркови, зелени покриви, велосипедски патеки.
Нема пари за ниту една велосипедска патека, ниту еден вело паркинг, нема опрема за автобусите да превезуваат точаци, нема субвенции за дополнителна опрема.
Наместо за зеленило и заштита на животната средина, наместо во капитални проекти, Арсовска парите на скопјани ги планира за вдомувања на партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали во Буџетот има пари за коалициските партнери на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ?
Дали фирмата на кандидатот за градоначалник Петар Георгиевски Камиказа, КЛС, била ангажирана околу озвучувањето на новогодишната прослава на градскиот плоштад?
Колку пари чинел ангажманот на КЛС за новогодишната прослава или дали е тоа донација?
Ако е донација тогаш таа треба да мине низ Советот на Град Скопје, ако се работи за спонзорство, тогаш треба да има договор за спонзорство.
Данела Арсовска им должи одговори на скопјани на овие прашања.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Надлежните очекуваат раст на заболени од грип, пикот се очекува кон средината на февруари
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната