СДСМ: Четвртиот пакет мерки обезбедува нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка
Конкретна, сеопфатна и таргетирана директна помош и поддршка за граѓаните и компаниите погодени од кризата предизвикана со пандемијата на коронавирусот, обезбедува четвриот пакет антикризни мерки креиран од Владата предводена од СДСМ, во вредност од 470 милиони евра.
Пакетот составен од 31 мерка, предвидува помош и поддршка за невработените лица, пензионерите, самохраните родители и граѓани од други социјално ранливи категории, но и за спас на работните места, директна помош на компаниите, поттик за домашната економија.
Мерките за помош на стопанството предвидуваат намалување на трошоците на компаниите и пристап до нови поволни кредити.
Една од мерките за олеснување на работењето на компаниите е зголемувањето на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД-1. Со оваа мерка, преку Развојната банка на постоечките корисници на кредитни линии, ќе им бидат обезбедени дополнителни 3 месеци грејс период пред да започнат со исплата на ануитетите од земените кредити.
Покрај одложувањето на бескаматните кредните, предвидено е и дополнително одложување на отплата на кредити за компании, до крајот на годината.
Во новиот сет мерки преку Европската инвестициона банка, за поддршка на домашните компании, обезбедени се и нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка, кои ќе бидат пласирани во јануари 2021 година, со исклучително ниска камата.
Со новиот сет на мерки, продолжува и намалувањето на казнената камата за јавни давачки за половина, односно од од 0,03% на 0,015% и таа ќе важи до крајот на годината.
Продолжува и мерката oдложување на плаќање на аконтација на данокот на добивка.
Оваа мерка предвидува одложување на плаќањето на аконтациите на данокот на добивка до март 2021 година за компании кои имаат пад на приходи поголем од 40%.
Владата предводена од СДСМ продолжува со континуираната поддршка за надминување на негативните последици предизвикани од коронакризата.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација