Македонија
2. May 2020 - 14:54

СДСМ бара избори веднаш по завршувањето на епидемијата, ВМРО-ДПМНЕ не размислува за избори

Центарлниот изборен штаб на СДСМ пресече, веднаш по завршување на здравствената криза Македонија мора да оди на избори. Датумот ќе се одреди откако епидемиолозите ќе прогласат победа над корона вирусот. Според владејачката партија изборните дејствија треба да продолжат онаму каде застанаа пред да бидат одложени.

 ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека изборите во овој момент воопшто не треба да бидат тема на разговор. Форсирањето избори според опозицијата е нечовечки и недостоинствено.

Новиот датум на одржување на избори ќе биде и една од темите на лидеркста средба кај шефот на државата кон средината на мај. Покрај изборниот ден, пред партиите ќе бидат и дилемите која институција ќе биде надлежна за нивно распишување и според кои изборни рокови ќе бидат организирани.