Македонија
11. February 2016 - 16:39

СДСМ бара интерпелација, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за обид за предизвикување инциденти

Интерпелација за Олга Најденовска поради непочитување на деловникот. Пратеничката група на СДСМ побара разрешување на претседателката на комисијата за образование . Сметаат дека  на синојќешната комисија најбрутално го прекршила деловникот, одземено им било правото за процедурални забелешки и своеволно отворила дискусија по амандманите за универзитетот за безбедност Дамјан Груев.

Од ВМРО ДПМНЕ нјаостро го осудија вчерашното однесување на пратениците од опозицијата во комисијата за обарзование. Велат СДСМ секогаш пред избори  прави хаос во собранието.

Работота на комисијата за образоваие е блокирана поради различното токлување на деловникот од власта и опозицијата. Според ВМРО ДПМНЕ деловникот се почитува  и секоја комисија има право да однесе одлука како ќе работи а во случајов со врменско огтраничување на дискусиите.

И по координацијата кај собранискиот спикер, партиите не се договорија како ќе ја продолжат комисијата.  Опозицијата останува на ставот дека работата е заглавена кај процедуралните забелешки, додека пак од власта тврдат дека амандманската работа е започната, и вчера биле разгледани 3 амандмани.