СДСМ: Арсовска ги заборави скопјани

Данела Арсовска целосно ги игнорираше маките на скопјани околу кризата со топловодна енергија и наместо да помогне преку Град Скопје таа бараше оправдувања.
Арсовска уште еднаш покажа дека за неа не се битни интересите на граѓаните туку важни и се само личните и партиски интереси.
За разлика од негрижата на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ најде решение кое обезбедува топли радијатори за скопјани.
Со прогласувањето кризна состојба се преземаат мерки за непречено снабдување со топлинска и електрична енергија и заштита на стандардот на граѓаните.
Според постигнатите договори ТЕ-ТО наместо до 21.00 ќе работи до 01.00 после полноќ и со тоа ќе се произведе потребната топлинска енергија. До крај на грејната сезона се планира целокупната произведена електрична енергија од ТЕ-ТО да ја превземе АД ЕСМ со што ке има доволно топлинска енергија за БЕГ.
АД ЕСМ ќе го менаџира целокупното финансиско работење на БЕГ преку посебна сметка и за истото ке доставува извештаи до Владата. АД ЕСМ веќе поседува лиценци за топлинска енергија.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
