СДСМ: Анкетата на ИРИ е од пред четири месеци, не го прикажува реалното расположение на граѓаните
Објавените резултати од истражувањето на Меѓунардониот Републикански Институт не го прикажуваат реалното расположение на граѓаните сега.
Анкетата е спроведена во месеците ноември и декември 2021 година, односно пред 4 месеци.
Вакави податоци од пред 4 месеци може да се каже дека немаат соодветна релевантност денеска односно се надвор од актуелниот политички контекст.
Во периодот од изминатите 4 месеци, имаме сосема поикава политичка реалност, нова Влада којашто е избрана во јануари, со нов премиер, зголемено паралемнтарно мнозинство и многу други фактори кои се променети по ова истражување а силно влијаат на перцепциите.
Оттука, цениме дека објавувањето на резултатите од анкетата создава погрешна перцепција кај граѓаните, како за рејтинзите на политичките партии така и во однос на другите теми и прашања од истражувањето.
Ги охрабруваме сите домашни и меѓународни институции и организации навремено и целосно да ги објавуваат резултатите од своите истражувања, за да се избегнат какви било погрешни толкувања
Центар за комуникации со јавност на СДСМ
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
