-->
-->
СДСМ: Ајде Мицкоски, повикај ги пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат барањето на СДСМ за автентично толкување
-->

Зошто Христијан Мицкоски тактизира, врти од околу, не кажува јасен став и не ги повикува пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Барањето поднесено од пратеници на СДСМ за автентично толкување?
Со автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, се спречуваат обидите да се врати незаконската аболиција на Ѓорѓе Иванов.
СДСМ се бори за правда, за одговорност за сите коишто се огрешиле и амнестии нема да дозволи да се случат.
Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ брани криминал.
Мицкоски да излезе пред јавноста и да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за автентичното толкување.
Без разлика дали тоа им се допаѓа на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и институциите нема да им дозволат попречување на правдата и опструкции на правниот систем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
