СДСМ: 23 милијарди денари наменети за капитални инвестиции во 2021 година
СДСМ годинава продолжува со инвестициите во инфраструктурата, во капиталните проекти, кои се гарант за рестарт на македонската економија и основа за подобри услови за економијата и подобар живот за сите граѓани.
Во Буџетот за 2021 година за капиталните инвестиции се планирани околу 23 милијарди денари, што е за 20 проценти повисоко во однос на минатата година.
Во моментов, 840 милиони евра се инвестираат во изградба и рехабилитација на 400 километри патишта низ целата држава.
Се градат над 59 километри автопати, над 104 километри експресни патишта и 20 километри локални патишта.
За оваа година планирани се нови 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од 12,7 милиони евра.
Истовремено, во тек се 30 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа со вкупна вредност од околу 14 милиони евра.
Се градат вкупно 574 станови за најранливите категории граѓани во 7 општини, а оваа година планирана е изградба на уште 5 нови згради со вкупно 202 домови за социјално загрозените граѓани.
Забрзано се реализира и процесот на гасификација. Гасоводот ја помина Битола и се гради кон Ресен, како и кон Тетово и Гостивар.
СДСМ како одговорна партија, преку институциите што ги предводи, останува посветена на креирање и реализација на мерки и политики што се во интерес на граѓаните и на државата.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Просечната пензија од септември ќе ја надмине минималната плата
-
Проблемите на малите општини
-
Депонијата Буково - еколошка бомба
-
Преглед на вестите од светот
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес