Се било покриено со пајажина! Стеблата, грмушките и ливадите покрај езерото биле целосно забелени. Се смета дека пајаковата мрежа е со големина на илјадници метри.
Експертите велат дека за овој редок феномен се заслужни пајаците од родот Тетрагната кои дошле до езерото и тука нагло се размножиле бладгодарени на необичното топло време за овој период на годината.
Дополнително за ова придонеле и големиот број комарци со кои се хранат пајаците па така дополнително се забрзало нивното размножување.