По неуспешниот обид за грабеж тој побегнал со велосипед. Цело време тој со секира удирал по излогот додека граѓаните мирно минуваа.
Видеото е објавено на Фејсбук, а на еден од коментарите стоеше изјава на жена:
„Бев во трамвај, а кога се отвори вратата на станицата полицаец јавуваше на моторола: „Внимавајте има секира“. Не ни беше јасно. Хорор во центарот на градот“.
Полицијата го потврди обидот за грабеж. Разбојникот дошол со велосипед, извадил секира од торба и почнал да удира. Го удрил излогот 17 пати, но не успеал да го скриши.

