СБ: Во БиХ од загаден воздух умираат 3.300 луѓе годишно

Загадениот воздух во голем број градови во Босна и Херцеговина е причина за прерана смрт на повеќе од 3.000 луѓе, а државата губи повеќе од една милијарда долари, предупреди вчера Канцеларијата на Светска банка во Сараево.
Жителите на голем број босански градови веќе со недели се гушат од загаден воздух, што содржи големо количество честички прашина и отровни гасови, поради што СБ во посебен извештај предупреди дека таквата состојба е неодржлива и побара итно преземање на мерки за решавање на проблемот.
Во извештајот на СБ посебно се истакнува проблемот со честичките прашина ПМ 2,5, кои продираат длабоко во системот за дишење предизвикувајќи болести на срцето и белите дробови, како и мозочни удари и тумори.
Според Светска здравствена организација концентрацијата на ПМ 2,5 не смее да биде поголема од 10 микрограми на метар квадратен, но во БиХ таа вредност е неколку пати поголема.
Само во Сараево во текот на месецот забележани се и концентрации и до 500 микрограма честици ПМ 2,5 на метар квадратен.
– Како последица на загадениот воздух со ПМ 2,5 секоја година во БиХ прерано умираат 3.300 луѓе. Од таа бројка околу 16 отсто смртни случаи се однесуваат на лицата кои живеат на подрачјето на Сараево и на Бања Лука, се наведува во извештајот на СБ.
Загадениот воздух според проценката на СБ просечно годишно губи 1,38 милијарди долари, но во таа сума не се пресметани трошоците за лекување и изгубените работни денови поради боледување.
Ново на Сител
-

Од утре патнички возови Скопје - Битола и Битола - Скопје
-

Хрватското обвинителство подигна обвинение против македонски државјанин осомничен за измама од 41.400 евра
-

Ѓорѓиевски: По 30 години голгота – булеварот „Борис Трајковски“ добива конечно решение
-

Условна затворска казна од една година за поранешната претседателка на ДКСК, Татјана Димитровска
-

Уапсени две лица откако едниот од нив репетирал пиштол и се заканувал кон група луѓе во Скопска чаршија
-

Приведени 6 лица поврзани со групна тепачка во угостителски објект во Велес
-

28-годишник од дебарско почина откако се повредил при сеча на дрва
-

Јетон Шасивари ја презеде функцијата министер за правда
