Свет
7. October 2016 - 9:16

СБ на ОН ќе расправа за кризата во Сирија

Зад затворени врати Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за ситуацијата во сирискиот град Алепо. На седницата по барање на Русија ќе се разговара за предлогот на специјалниот пратеник Стафан де Мистура за повлекување на припадниците на Фронот Ал Нусра од источниот дел на Алепо.

Во руски медиуми не се споменува дали на седницата Советот ќе ја разгледува резолуцијата на Франција за примирје во Сирија и во дел од Алепо.

Де Мистура вчера предложи евакуирање на околу 900 борци на Ал Нусра како замена руската и сириската авијација да ги запрат ударите врз градот. Команданти на бунтовниците наведоа дека не им веруваат на владините сили, а претседателот Башар Асад изјави дека не прави разлика меѓу припадници на Ал Каеда и останатите околу 9.000 бунтовници во Алепо.