СБ на ОН го продолжи мандатот на мировните сили на Кипар
Советот за безбедност на Обединетите нации го продолжи денеска за шест месеци мандатот на вооружените сили на ОН за подрршка на мирот на Кипар и го поздрави напредокот, постигнат во преговорите меѓу лидерите на кипарските Грци и кипарските Турци за повторно обединување на островот.
Резолуцијата за продолжување на мандатот на мировните сили беше усвоена едногласно.
Мандатот на мировните сили на ОН на Кипар истекуваше на 31 јануари. СБ го продолжи траењето на мандатот до 31 јули 2017 година без промена на бројот на мировниците. Мировната мисија на ОН на 31 декември имаше 950 војници и полицајци.
Во резолуцијата е потенцирано дека Владата на Република Кипар е согласна дека се уште е неопходно присуството на силите на ОН.
Кипар е поделен од 1974 година, кога неговиот северен дел беше окупиран од Турција како одговор на националистичкиот државен преврат, кој имаше за цел да го анектира островот кон Грција.
Силите на ОН таму беа испратени една деценија порано со цел да не дозволат ескалација на насилството меѓу двете заедници. По 1974 година мандатот на „сините шлемови“ беше проширен и тие почнаа да ја набљудуваат тампон зоната меѓу двете страни.
Ново на Сител
-
Приведени двајца тинејџери кои извршиле обљуба врз две малолетни девојчиња
-
Teма на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Силен пожар беснее во кочанско Вранинци – Се бара хеликоптерска поддршка
-
Учениците од следната година ќе учат програмирање и употреба на алатки базирани на вештачка интелигенција
-
Фискалниот совет со порака – Внимателно со најавените задолжувања
-
Преглед на вестите од светот
-
Европските партии го бришат македонскиот јазик и идентитeт од извештајот
-
Далер Кардел: Македонската влада знае што треба да направи за проширувањето