СБ на ОН ги осуди нападите врз цркви во Египет

Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди терористичките напади врз цркви во Египет, извршени за време на литургиите за празникот Цветници, јави ТАСС.
СБ ги означи нападите како „монструозни и ужасни“ и изрази сочувство до семејствата на жртвите, а исто така на народот и Владата на Египет.
Групацијата Исламска држава се закани дека ќе има уште напади врз египетските христијани, јави ДПА.
ИД соопшти дека нападите врз цркви во градовите Танта и Александрија биле извршени од напаѓачи самоубијци, кои носеле појаси со експлозиви.
Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изрази сочувство до египетскиот народ поради нападите.
- Огорчен сум и потресен поради тие напади во Египет и одлучно ги осудувам, изјави тој, изразувајќи им сочувство на оние, „кои тагуваат по загинатите пријатели и роднини“.
Џонсон вети дека Лондон ќе продолжи да го поддржува Каиро во борба против тероризмот.
Ново на Сител
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
-

Николоски: Невозможни се барањата на „Рајан ер“
