СБ: На Албанија и е потребна деценија со 4 отсто економски раст за да излезе од големата сиромаштија
Светска банка оценува дека на Албанија и се потребни најмалку десет години, со економски раст од 4 отсто,за да ја елиминира екстремната сиромаштија. Банката оценува дека во Албанија најмалку 31 илјада лица живеат со помалку од 120 леки,односно помалку од едно евро, на ден.
Меѓународните стандарди воведени од СБ за екстремна сиромаштија е нивото на приходи од 1,9 долари на ден по лице,што е опредено според куповната моќ.
Последните статистички податоци за нивото на сиромаштија се однесуват на 2012 година. Во оваа година, според СБ,Албанија имала 31 илјади граѓани или 1,06 насто од населението кое живее со помалку од 120 леки на ден (53 денари).
Официјалните предвидувања направени од експерти на банката проценуваат дека за конечно надминување на екстремата сиромаштија,на Албанија и треба најмалку една деценија со економски раст од 4 проценти.
Албанија е земја со многу ниски приходи,при што поголемиот дел од населението иако не фигурира под нивото на сиромаштија,сепак има приходи само малку над тоа ниво.Ова го потврдува и фактот дека над 45 проценти од населението во Албанја живее со помалку од 5 долари на ден,според стандардите за куповната моќ,што во оваа земја значи помалку од 325 леки на ден по лице.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници