-->
-->
Саутемптон го совлада шампионот
-->
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Дени Ингс постигна спектакуларен гол со лоб удар на стартот на мечот, за Саутемптон да стигне до 1:0 победа над шампионот, само втор пораз на тимот на Јирген Клоп оваа сезона во Премиер лигата, со кој остануваат израмнети на 33 поени со Манчестер јунајтед.
Ингс го искористи „отворениот“ простор во одбраната на гостите на „Сент Мерис“ и во втората минута ги донесе во водство домаќините, кое остана до крајот на мечот и покрај теренската иницијатива на Ливерпул, кој имаше над 60 отсто од поседот на топката. Сепак, во 84. минута, Саутемптон за малку ќе го решеше мечот кога по ударот на Валери, Робертсон ја извади топката од гол-линијата.
За Саутемптон ова е прва победа по пет меча, со која се искачуваат на шестото место со 29 поени (колку што имаат од четвртото до седмото – Тотенхем, Манчестер сити, Саутемптон и Евертон), додека Ливерпул се први со 33 поени, колку што имаат и Манчестер јунајтед, а на третото место се Лестер со 32 во неизвесна половина од сезоната.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп