Саудиска Арабија планира да заплени десетици милијарди од уапсените принцови
Саудиска Арабија вчера најави дека го замрзнува имотот на десетиците принцови и поранешни функционери кои беа уапсени во рамките на голема антикорупциска кампања.
Меѓу уапсените е и принцот Алвалид бин Талал (62), внук на првиот крал од династијата Сауд, Ибн Сауд, кој се смета за најбогатиот член на кралското семејство со имот од 18 милијарди долари и инвестиции во компании како „Ситигруп“, „Њузкорп“ и „Твитер“.
Уапсен е и 76-годишниот Бакр бин Ладен, брат на убиениот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен и сопственик на големата градежна комапнија „Сауди Бинладен Груп“.
Хотелот „Риц Карлтон“ во Ријад, кој се смета за омилено сврталиште на саудиското кралско семејство, вчера беше итно испразнет од сите гости и се користи како локација за притвор на големиот број благородници, за кои се смета дека се уапсени по наредба на принцот престолонаследник Мухамед бин Салман (32).
Принцот Мухамед бин Салман во изминатиот период ја зацврсти својата позиција како омилен син на кралот Салман (81) и го отстрани својот братучед Мухамед бин Наџеф од позицијата престолонаследник во јуни и оттогаш се позиционираше како водечки советник на кралот и раководител со клучните воени и економски институции на Саудиска Арабија.
Меѓу уапсените се и принцовите Митлеб бин Абдула и Турки бин Абдула, синови на покојниот крал Абдула. Митлеб, кој беше командант на саудиската национална гарда, исто така беше сметан за можен претендент на престолот.
Паралелно со апсењата, од Саудиска Арабија дојде веста и за уривање на хеликоптер во кој биле принцот Мансур бин Мугрин и уште седум други високи функционери додека летале во близината на границата со Јемен, каде саудиските сили се вклучени во граѓанската војна на јеменската армија и шиитските бунтовници. Неговиот татко, Мукрин бин Абдулазиз, беше престолонаследник до 2015 година, кога беше сменет од страна на кралот Салман.
Саудиските власти најавија дека имотот на принцовите и министрите осомничени за корупција ќе биде конфискуван.
За Бакр бин Ладен, кој е влијателна фигура во градот и областа Џеда, се смета дека тежи околу седум милијарди долари, доколку се брои целиот имот на семејството Бин Ладен.
Уапсен е и Мухамед ал Амуди, етипско-саудиски бизнисмен кој ја поседува најголемата рафинерија во Шведска и е вреден околу осум милијарди долари.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија