Саудиска Арабија ја прекина комуникацијата со Катар

Саудиска Арабија го прекина дијалогот и комуникацијата со Катар со образложение дека катарските медиуми невистинито ја известиле јавноста за телефонскиот разговор меѓу лидерите на двете држави, саудискиот принц Мохамед бин Саламан и катарскиот емир шеик Тамим бин Хамад Тани.
Новинската агенција на Катар објави дека лидерите на двете земји „ја нагласија потребата за решавање на кризата со покренување на дијалог, со што ќе биде обезбедено единство и стабилност“ на заливските држави. На тоа Саудиска Арабија „луто“ изреагира наведувајќи дека соопштението на Доха нема „никаква врска со вистината“.
- Ова е доказ дека катарските власти не се сериозни за дијалогот и дека продолжуваат со својата претходна политика. Саудиска Арабија порачува дека секој дијалог и комуникација со властите на Катар ќе биде запрена се додека јавно не го соопштат својот став, посочуваат саудиските власти.
Катарските и саудиските медиуми претходно објавија дека Ал Тани во телефонскиот разговор со саудискиот престолонаследник изразил желба да седнат и да разговараат за барањата на четирите заливски држави.
Од друга страна, официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија (СПА) извести дека деталите од разговорот треба да бидат објавени откако Ријад ќе постигне договор со Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет. ги прекинаат дипломатските и сообраќајните односи со Катар на петти јуни, обвинувајќи ја Доха дека поддржува и финансира тероризам.
Катар ги негира обвиненијата и оценува дека се политички мотивирани.
Ново на Сител
-

Законот за високо образование „под лупа“, професорите и студентите со сериозни забелешки
-

Тема на денот со Александар Николовски, поранешен претседател на УСС и Бленди Ходаи, претседател на Форум за образовни промени
-

Обвинтиелството без детали - партиите се обвинуваат меѓу себе
-

Доживотна казна затвор за штипјанецот кој ја уби мајка си
-

Доктори од Словенија: Онколошки пациенти се лекувале со погрешна терапија
-

Речиси 5000 казни за една недела од Сејф сити, најголем број за брзо возење
-

Сејф сити им донесе проблеми на приватните превозници
-

ССМ утре ќе го блокира Собранието, пратениците на работа ќе одат пеш
