-->
-->
Сасуоло победи на „Џузепе Меаца“
-->

Во натпреварот од 18-то коло на италијанскиот фудбалски шампионат Сасуоло направи изненадување совладувајќи го на милански „Сан Сиро“ водечкиот Интер со 1-0.
Победничкиот гол го постигна Доменико Берарди во петтата минута од судиското продолжение од пеналот кој го направа Жоао Миранда.
Натпреварот мина со динамично темпо со повеќе шанси пред двата гола, но голманот на Интер, Самир Хандановиќ, и неговиот колега на голот на Сасуаоло, Андреа Консиљи бранеа извонредно.
И кога се милеше дека мечот ќе заврши без голови, што и самото претставуваше изненадување, Миранда невнимателно го собори Грегори Дефрела, а Берарди беше сигурен егзекутор на најстрогата казна.
Интер и покрај поразот остана на првото место со 39 бодови, пред Наполи кој има бод помалку, но „наполитанците“ имаа можноста со евентуална гостинска против Фросиное да го преземат врвот на Серија А. Сасуоло, пак, изби на 6-та позиција со 31 бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
-

Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски, неговите адвокати бараат ослободителна пресуда
-

Со статистика и без одговори одбележан Светскиот ден за безбедност при работа
