Сасоли: Ве молам не губете надеж и не се откажувајте од европската иднина
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кој престојува во официјална посета на земјава, преку Твитер упати порака, особено да младите, да не се откажуваат од европската иднина.
– Денеска патувам во Северна Макеоднија и имам едно барање, особено до младите луѓе во земјата: не се откажувајте од европсата иднина. Вие му припаѓате на нашето семејство. Европскиот парламент е со вас, напиша Сасоли на Твитер.
Првиот човек на Европскиот парламент пораката ја проследува и преку видео обраќање до граѓаните на Северна Макединија и на Албанија.
– Ќе ја посетам прекрасната земја Северна Македонија, а ќе ја посетам и Албанија за неколку недели и овие посети се навистина значајни за мене лично. Ова ќе бидат први официјални патувања надвор од ЕУ, во земји со кои сме пријатели, кои сакаме да станат дел од нашата Унија. Знаеме дека луѓето во Северна Македонија и во Албанија беа длабоко разочарани кога слушнаа дека некои земји го блокираа почетокот на преговорите. Го разбирам тоа и го делам вашето разочарување. Ги исполнивте сите критериуми, направивте одлична работа и заслуживте зелено светло за почеток на преговорите. За ова прашање Европскиот парламент и Европската комисија го изразија нивното мислење многу јасно заедно со огромното мнозинство земји на ЕУ. Но, ова не е крај на дискусијата. Европскиот парламент, домот на европската демократија е со вас. Нема да молчиме. Ќе притискаме цврсто за позитивно гласање на наредниот Европски совет. Јас имам едно барање, особено до младите во Северна Македонија: Ве молам не губете надеж. Ве молам не се откажувајте од европската иднина. Вие припаѓате на нашето семејство и вие на крајот ќе бидете член на ова семејство. А ова семејство ќе ве пречека со верба и надеж, порачува Сасоли во видео пораката.
Давид Сасоли во рамки на денешната посета на Скопје ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери и со премиерот Зоран Заев, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, и ќе се обрати во Парламентот.
Сасоли ќе ја отвори Јуроп Хаус (Europe House) во просториите на Делегацијата на Европската Унија и ќе се придружи на дебатата со амбасадорот Самуел Жбогар и ученици од средни училишта на тема „Визијата на младите за ЕУ“
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО