Сасоли: Предлог-буџетот на ЕУ е неприфатлив за Европскиот парламент
Предлог буџетот на Европската унија за периодот од 2021 до 2027 година, за кој се расправа денеска на вонреден самит на лидерите на ЕУ во Брисел, е неприфатлив за Европскиот парламент (ЕП), изјави претседателот на ЕП, Дејвид Сасоли на прес-конференција на маргините на состанокот на шефовите на држави и влади.
– Тој предлог е неприфатлив, има сериозни кратења, рече Сасоли.
Според него, предлог-буџетот вклучува „неефикасно финансирање“, што нема да ги реши проблемите на заедницата.
– Има огромен јаз помеѓу нашите позиции, додаде Сасоли.
Во Брисел се одржува итен самит на ЕУ за повеќегодишниот буџет на Унијата. Од 2021 година, буџетот на ЕУ ќе изгуби 11 милијарди евра годишни исплати како резултат на излегувањето на Велика Британија, која беше втора земја нето донатор по Германија.
Лидерите на ЕУ треба да одлучат колку ќе се зголемат плаќањата на донаторите и колку ќе се намалат субвенциите на државите приматели на средства од ЕУ фондовите за периодот од 2021-2027 година.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари