-->
-->
Саша Ковачевиќ отворено за болеста: Се уште го немам пронајдено лекот
-->
Познатиот миленик на женската публика Саша Ковачевиќ неодамна објави информација од која многумина фанови веднаш се загрижија за пејачот.
Тој за српските медиуми неодамна откри дека има проблеми со алергиите и со дишните патишта по што направил и операција пред неколку години, а вчера медиумите на големо пишуваа дека пејачот повторно посетил доктор.
-Саша рано изутрината дојде во болница со својот брат, веднаш дојде на ред бидејќи се брзаше да отпатува за Бања Лука каде што имаше свој настап. Бидејќи пред нас доаѓаат празници, Саша мораше да посети доктор за да му препише лекови кои ќе му го олеснат дишењето. Иако тој се брзаше најде време да се фотографира со медицинските сестри и со пациентите во болницата, вели изворот за српските медиуми.
Инаку пејачот отворено зборуваше за борбата со алергијата уште во минатото кога изјави дека се уште не го пронашол лекот.
-Пробав се и сешто што можеше да се проба, од хомеопатија до квантна медицина, не знам повеќе што се немам пробано, но за жал се уште го немам пронајдено решението. Во моментов сум на терапија која ми помага. Станува збор за капки кои ми ги препишаа луѓе кои се специјализирани во оваа гранка од медицината. Скоро шест до седум месеци годишно имам проблеми со алергијата и не се чувствувам добро, ова го изјави Саша неодамна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Природни катастрофи кои ја одбележаа 2024 година
-
Тема на денот со Татјана Димитровска, претседател на ДКСК
-
Фирмите за унгарскиот кредит ќе аплицираат од јануари
-
Таравари го оцени македонското здравство со “осмица”
-
Власта и опозицијата побараа Ахмети да каже каде е Груби
-
По Буши, се проширува истрагата за кртовите на полициските акции
-
Мицкоски: Ќе се бара одговорност од членови на Судски совет според Устав и законите
-
Агелер за Судскиот совет