САС на МПЦ-ОА ќе расправа за барањето до БПЦ
На седницата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија ќе се разговара и за барањето до Бугарската православна црква да и биде мајка - црква на Македонската православна црква, како актуелна тема во моментов.
Ова денеска го изјави портпаролот на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, кој изрази надеж дека ќе се постигне едномислие.
Тој посочи дека на седницата се решаваат тековни работи и дека таа ќе продолжи во 13 часот.
- Седницата е прекината поради присуството на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на обраќањето на претседателот на Република Македонија во Собранието, а јас ќе го искористат овој временски период да присуствувам на седницата на наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, додаде г. Тимотеј.
Ново на Сител
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска