Саркози во затвор го чуваат полицајци

Министерот за внатрешни работи на Франција, Лоран Нуњес, изјави дека присуството на двајца полицајци со поранешниот претседател на земјата, Никола Саркози, за време на неговиот престој во затворот Ла Санте е оправдано поради „значителни закани“ и неговиот статус.
Саркози, кој од вчера отслужува петгодишна затворска казна поради улогата во заговор околу либиското финансирање на неговата претседателска кампања, се наоѓа во изолација, но е под 24-часовен надзор од двајца полицајци, што предизвика изненадување меѓу затворскиот персонал, пренесува телефизијата БФМ.
- Тој е граѓанин како и секој друг, но има посериозни закани кои го оптоваруваат поранешниот претседател на Републиката, рече Нуњес за CNews и Europe 1, додавајќи дека истите полицајци биле задолжени за заштитата на Саркози и пред притворот.
Полицајците го придружуваат Саркози за време на сите активности во затворот – прошетки, посети на лекар, во теретана, и се наоѓаат во непосредна близина на неговата ќелија.
Нуњес истакна дека тој лично ја донел таа одлука, во договор со министерот за правда, за да се обезбеди дополнителна сигурност, покрај стандардните мерки на затворската управа.
Во меѓувреме, најавата за можна посета на министерот за правда Жерал Дарманен на Саркози предизвика остра реакција од генералниот обвинител на Касациониот суд, Реми Хајц, кој предупреди дека тоа би можело да ја „поткопа независноста на судството“.
Апелациониот суд во наредните два месеца ќе го разгледува барањето на адвокатите на Саркози за пуштање на слобода, што би можело да овозможи негово ослободување пред Божиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсени пет лица од кои четири се малолетници, за лажните дојави за бомби во тетовските училишта
-

Во недела часовниците се поместуваат еден час напред
-

Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо
-

Слабо второ полувреме на македонските фудбалери за убедлив триумф на Данска во баражот
-

Еврогрупата бара решение за енергетскиот шок: Кризата со Иран ја чини ЕУ милијарди евра
-

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032
-

По долга правна битка евтаназирана 25-годишна Шпанка со инвладитет
-

Вучиќ: Курти на денешен состанок со Макрон ќе изнесе две барања од кои едното е „многу опасно“
