Македонија
14. December 2021 - 16:34

Сарафов: Брзината на движење клучна за несреќата на автопатот Струма

Автобусот на „Беса-транс“ ја пречекорил дозволената брзина на движење од 90 километри на час. Првиот човек на бугарската истражна служба, вели дека, поради дождот, ноќта на 23 ноември, коловозот бил лизгав, па возачот морал да ја прилагоди брзината со условите на патот. Истрагата ја отфрли можноста дека несоодветната сигнализација на автопатот е причина за трагедијата.

Точните причини за несреќата во која загинаа 45 лица, бугарските истражни служби очекуваат да ги дознаат до крајот на идната недела.. Клучните вештачења кои ќе ја затворат истрагата, ќе ги добиеле до католички Божиќ.

Додека истрагата на бугарските служби е на самиот крај, од македонското обвинителство не откриваат што утврдила нивната истрага за работењето на „Беса-транс“. Велат, во интерес на постапката, не се споделувале детали.

Претходно, истрагата во Бугарија, откри дека автобусот е репариран во Турција, но мистерија е какви материјали биле користени.