Сара Илиевска и Ардита Зулфиу - победнци на четвртиот конкурс за награда за млад преведувач
Сара Илиевска и Ардита Зулфиу се победници на четвртиот конкурс за најдобар млад преведувач „Вавилон“ кој го организира Делегацијата на Европската Унија во Скопје во соработка со Здружението на преведувачи и толкувачи.
Наградите им беа врачени денеска на одбележувањето на Европскиот ден на јазиците кој е востановен од Советот на Европа. Илиевска, која е студентка по шпански јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, е наградена за превод на романот „Билет за Тахити“ од Ева Гарсија Сајанс од шпански на македонски јазик.
Зулфиу, пак, која студира англиски јазик на Државниот универзитет во Тетово, е наградена за превод од англиски на албански јазик на книгата со оригинален наслов „Not working“ од Лиса Овенс. Ардита Зулфиу доби и втора награда на овој конкур, заедно со младата преведувачка Рина Јанкуловска.
Делегацијата на ЕУ во Скопје го почна организирањето на конкурсот за наградата „Вавилон“ во 2013 година со цел да се промовираат младите преведувачи и за да се поттикне квалитетот во преведувањето книжевни дела.
Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 години, а трудовите со кои аплицират мора да се преводи на книжевни дела од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се говорат во Македонија.
Наградите на годинашните добитнички им ги врачија Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија, и Огнена Никуљски, претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи (ЗПРМ).
- На овој ден ја славиме различноста на јазиците и говориме за нивното изучување. Јазиците се во срцето на европскиот проект. Тие се одраз на нашите различни култури. Колку повеќе јазици знаеме, толку полесно можеме да ги научиме другите култури. Во Европската Унија има 24 официјални и работни јазици, а во иднина ќе бидат уште повеќе. Затоа ние сме посветени на изучувањето јазици и на тоа да покажеме дека јазичната разноликост може да успее. Изучувањето јазици е клучно за јакнењето на инклузивноста и дијалогот, на заемното разбирање и почитување, истакна евроамбасадорот Жбогар, додавајќи дека овие цели се главниот мотив за наградата „Вавилон“.
Тој го најави и петтиот конкурс за наградата, за 2018 година, и истакна дека очекува повторно многу апликации од млади преведувачи.
За значењето на јазиците во градењето меѓукултурен дијалог говореа и амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео и новиот директор на Францускиот институт-Скопје Емануел Рембер. Настанот беше организиран заедно со ЕУНИК Скопје и во негови рамки денеска ќе бидат одржани јазични работилници. На штандови се изложени книги преведени од различни европски јазици и книги преведени на локалните јазици во рамки на програмата „Креативна Европа“
Ново на Сител
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот
-
Хутер победи на женскиот супервелеслалом во Сент Мориц
-
Возило удрило две жени во Штип