Сар: Израел е заинтересиран за воспоставување дипломатски односи со Сирија и Либан

Израел е заинтересиран за воспоставување формални дипломатски односи со своите долгогодишни непријатели Сирија и Либан, но нема да преговара за судбината на Голанската Висорамнина во никакви мировни преговори, изјави израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Сар на денешната прес-конференција.
Односите во регионот се неизвесни поради вооружените борби меѓу Израел и Либан кои траат од крајот на 2023 година, паралелно со војната во Појасот Газа, и по соборувањето на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад во декември 2024 година.
Светските медиуми објавија во мај оваа година дека Израел и новите исламистички сириски власти биле во директен контакт и одржувале директни состаноци со цел смирување на тензиите и спречување на конфликти во пограничната област.
Истиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп се сретна со новиот сириски претседател во Саудиска Арабија, го повика да ги нормализира односите со Израел и неочекувано објави дека САД ќе ги укинат сите санкции врз исламистичката влада во Дамаск.
Кратко откако беше соборен сирискиот претседател Асад, израелските трупи се преместија во демилитаризирана зона во Сирија.
Ново на Сител
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
