Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје

На 02.05.2026 во периодот од 12:00 до 20:00 часот на подрачјето на град Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање прекршоци што ги чинат возачи на велосипеди со помошен мотор, трицикли, четирицикли и мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи. Од нив
четири возачи се санкционирани поради управување мотоцикл со несоодветна категорија, 17 санкции се изречени за возачи кои управувале велосипед со помошен мотор без возачка потврда, 45 мерки за возачи без заштитна кацига. Три мерки се изречени за нерегистрирани мотоцикли, три санкции за неносење на сообраќајна дозвола, две санкции за движење по несодветна површина, две мерки за незастанување на даден знак и 37 мерки по останати прекршоци.
За време на акциската контрола еден возач на мотоцикл е лишен од слобода по член 297-а од Кривичниот законик за безобѕирно управување возило.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите да придонесеме за побезбедни патишта низ државата.
Ново на Сител
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
-

Силекс и Шкендија во борба за Купот на Македонија на арената „Тодор Проески“
-

Сиљановска-Давкова: Македонија не бега од вето, но тоа да биде поврзано со Kопенхашките критериуми, а не со идентитетските прашања
