Санкции за 212 непрописно паркирани возила минатата недела во Центар
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција - Скопје од 25 ноември до вчера, со помош на специјалните возила „пајак“, отстранија 212 непрописно паркирани возила. Тие го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, потенцираат денеска од претпријатието.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, како што истакнуваат, неопходна е поголема сообраќајна култура.
- Затоа ЈП „ПОЦ“ и СВР - Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во општина Центар, со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, нагласуваат од претпријатието.
Ново на Сител
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Почнува Рамазанскиот пост
-
Дел од Општина Илинден без струја
-
Зеленски предвреме ја напушти Белата куќа, откажана и прес-конференцијата