-->
-->
Санкции за 154 возачи во Скопје, 19 немале возачка, 11 користеле мобилен при возење
-->
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (10.06.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот, соопшти МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 154 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции, шест мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење.
Изречени се девет мерки за некористење сигурносен појас, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)...
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од министерството.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Докторка уапсена за поткуп
-
Тема на денот со професорот Лазар Јовески
-
Нема вода во делови од Скопје, Водовод алармира за енормна потрошувачка
-
Истражните органи бараат докази за дивоградби во Чаир, Сарај, Кисела Вода и Аеродром
-
Поради дивоградбите, Ганиу може да ја изгуби поддршката на Вреди за нов мандат
-
Поставен камен темелникот на ветерниот парк Штип, инвестиција од над 500 милиони долари
-
НБРМ ги намали надоместоците за банките, се чека тие да ги спуштат тарифите за граѓаните и фирмите
-
Висок ризик за пожари во цела држава: Како функционира Македонскиот информативен систем за шумски пожари?