Македонија
17. December 2019 - 18:50

Санирано на свлечиштето на патот до Теферич

Општина Кисела Вода ја заврши санацијата на свлечиштето на патот кој води кон населеното место Теферич.

На оштетениот дел на овој пат во должина од 200 метри поставен е нов асфалт, а оваа седмица на истиот ќе се постават и решетки за одвод на атмосферските води.

Во периодот што следува, на земјиштето покрај патот ќе биде извршено хортикултурно уредување.

Увид на патот денеска направија градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и членот на Советот на Општината, Дарко Филиповски.