Санирана оштетената електродистрибутивна мрежа во Тетовско
Селата Вејце, Бродец, Бозовце, Вешала, Нераште и еден дел од село Шипковица повторно имаат напојување со електрична енергија. Санирани се електричните столбови кои паднаа како резултат на силното невреме што го зафати тетовскиот регион во текот на вчерашниот ден, соопшти вечерва ЕВН Македонија.
- Екипите на ЕВН Македонија се сеуште на терен, а најкритична, според соопштението, е околината на село Шипковица, каде во моментов од вкупно три, под напон се две трафостаници. Како што се расчистуваат патиштата и приодите до енергетските објекти, така се очекува екипите на ЕВН да го отстранат и последниот дефект, и корисниците кои се напојуваат од оваа трафостаница да добијат електрична енергија.
Обилните врнежи и силни ветришта кои го зафатија тетовскиот регион предизвика големи штети на електродистрибутивната мрежа и оставија голем број корисници привремено без напојување со електрична енергија. Голем број од електричните столбови беа пандати, а каблите искинати. Благодарејќи на напорите на засилените екипи на ЕВН Македонија, оштетената мрежа беше санирана, се вели во соопштението. Екипите на ЕВН Македонија ќе останат на терен во текот на ноќта и утре, ќе се работи се’ додека не се воспостави нормално снабдување со електрична енергија за сите корисници, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
„Марш на ангелите“ во Кочани
-
Тема на денот со Конрад Блејер Симон, експерт за странско мешање и манипулирање со информации
-
Ескалираат тензиите на Блискиот Исток
-
Кризен штаб поради Блискиот Исток
-
Мицкоски не сака да ја коментира истрагата за Кочани - СДСМ ќе добие одговор на изборите
-
До средината на јули ќе се комплетира листата за кандидати за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски: Има предлог термин за средба, да почекаме да се изјасни бугарската страна
-
Мицкоски: Во вториот квартал би требало да имаме извонредно висок раст на БДП