Македонија
27. April 2016 - 15:02

Саниран покривот на Посебното основно училиште „Златан Сремец“

Во посебното основно училиште „Д-р Златан Сремец“ во Кисела Вода, Скопје, каде учат над сто деца со посебни потреби, дотраениот покрив е заменет со нов.

Според директорката на училиштето Ана Шикалеска, со санацијата обезбедени се подобри услови за реализација на воспитно-образовниот процес, за рехабилитација и престој  во оваа установа за децата со пречки во психичкиот развој, аутизам и мултихендикеп.