Бизнис
13. November 2023 - 17:07

Сандерс: Членството во ЕУ да не биде приоритет, туку ветените стратегии да се реализираат

Ниту една компанија нема да инвестира во земјата, ако единствена цел на политичарите е да станеме членка на Унијата. Ако сакате прогрес, реализирајте го она што сте го ветиле. Ова е пораката на некогашниот директор на автомобилски гигант и сегашен советник на првот човек на Комората, Кристофер Сандерс.

Вели дека пред две, три години имало многу стратегии -  за образование, здравство, индустрија, но ниту една не е реазлизирана. Единствениот ризик во земјата го гледа во тоа што нема одговорност за преземените обврски. 

– Каде е фокусот во Македонија за развој на вештини, способности, на образовна основа кои ќе помогнат да се надминат и другите земји, да дојдете во прва позиција, да кажете „можам да создадам тим во Македонија за да го добијам тоа што треба, денеска, утре, во иднина, да знам дека ќе го добијам тоа и дека преземените обврски ќе бидат исполнети“. Тоа е големиот ризик што го забележувам во моментот, вели Кристофер Сандерс, советник на претседателот на Комората Азески

За поголем раст на македонската економија, Сандерс порачува дека мора да се зголеми продуктивноста. Но, не со повеќе работни саати, туку со дигитализација и примена на светски стандарди. 

- Се шокирав од најавата во Индија дека луѓето треба да работат повеќе саати за да бидат попродуктивни. Ова не враќа 3 века назад. Продуктивноста мора да се зголеми, но тоа не се прави со повеќе работни саати, додава Сандерс 

Кинеската економија, која е втора најголема во светот е две, три генерации понапред од една веле сила како Германија, само поради поголемата примена на вештачката интелегенција, роботика и дигитализација.  За да бидат успешни и профитабилни фирмите, Сандерс додава дека мора да бидат и економични, односно каде што можат, да штедат.