Санционирани 84 пребрзи и 11 пијани возачи на подрачјето на СВР Штип
На подрачјето на СВР Штип вчера е спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата се констатирани 84 прекршоци, од кои 49 надвор од населено место и 35 во населено место.
Од нив 22 се од Штип, 18 Кочани, 15 Свети Николе, 13 Делчево, по шест од Берово и Виница и четворица од Пробиштип. На сите возачи им се изречени соодветни санкции, соопшти МВР.
Спроведена е акциска контрола и за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 11 управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.
Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци, од кои еден за технички неисправно возило, еден за нерегистрирано возило, 11 за управување возило без возачка дозвола, еден возач почетник и двајца за некористење сигурносен појас.
Ново на Сител
-
САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите
-
Зеленски: Ќе поднесам оставка под услов Украина да влезе во НАТО
-
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
-
Сончево со ниски утрински температури
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината