Санчез: Нема договор со САД за мигрантите
Новата мексиканска министерка за внатрешни работи Олга Санчез ја отфрли можноста Мексико да стане „безбедна трета земја“ за мигрантите кои бараат азил во САД.
Таа на тој начин ги демантира наводите на весникот „Вашингтон пост“ дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп постигнала договор со новата Влада на Мексико, според кој мигрантите во Мексико ќе чекаат обработка на барањата за азил преку судовите во САД.
– Не постои никаков договор меѓу идната мексиканска влада и властите во САД, нагласи Санчез, додавајќи дека разговорите со Вашингтон во врска со ситуацијата околу мигрантскиот караван се „многу деликатни“.
Американски официјални претставници подолго време зборуваат дека се обидуваат со Мексико да најдат решение за „пограничната криза“.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат