Санчес ќе се откаже од обидите да стане старо-нов шпански премиер, доколку не биде избран на 23 јули

Шпанските социјалисти соопштија дека ќе се откажат од обидите лидерот на партијата, Педро Санчес, да го изберат за нов шпански премиер доколку тој не го преживее гласањето за нова влада во текот на овој месец, со што ќе се зголемат шансите за оддржување нови парламентарни избори во земјата.
Соопштението на социјалистите ги зголеми тензиите во веќе и онака затегнатите односи меѓу најголемите политички партии во Шпанија, кои меѓусебно се обвинуваат за тоа што владата се уште не е формирана, ниту по два и пол месеци од изборите.
Најверојатно сојузник на социјалстите на следното гласање за избор на влада, на 23 јули, ќе биде крајно левата партија Подемос, иако нејзиниот лидер Пабло Иглесијас и Санчес синоќа не успеаја да се договорат за коалицирање, наведувата британските медиуми.
Санчес, кој беше премиер и на досегашната влада, на тоа гласање ќе мора да добие апсолутно мнозинство, од 176 гласа во Долниот дом на парламентот, за да може одново да стане премиер на земјата.
Доколку пратениците не го изберат, тој ќе има можност или да закаже ново гласање во септември или да дозволи да мине двомесечен период, по кој изборите по автоматизам би се распишале во ноември.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
